Новак Џоковиќ се погрижи за уште еден рекорд на кариерата на дуелот од полуфиналето на АТП турнирот во Доха, Катар.
Ноле го обезбеди 16-тото финале по ред, а во полуфиналето тој го совлада Томаш Бердих 2-0 во сетови 6-3 и 7-6 и во финалето ќе се сретне со стариот ривал Рафаел Надал, кој претходно прослави победа во дуелот со Марченко.
Минатата сезона токму турнирот во Доха беше единствениот на кој Ноле не успеа да стигне до финалниот меч, па еве и тоа е исправено на почетокот од новата 2016 сезона.
АТП турнирот во Катар е подготовка за првиот Грен Слем турнир во годината, Австралија опен, чиј стар е закажан за 18. јануари и каде Џоковиќ ќе ја брани титулата од минатата година.