Видео: Барселона со пресврт ја победи Севиља со 2-1 и зголеми на +8 од Атлетико!

Loading

Во Шпанија, Барселона продолжи со серијата победи и на дерби дуелот против Севиља на „Ноу Камп“.

bar-sev

Токму Севиља им го нанесе последниот пораз на избраниците на Луис Енрике, пред повеќе од 4 месеци, а и на овој натпревар први дојдоа во водство преку Витоло.

Меси со еврогол од слободен удар израмни на 1-1, а конечните 2-1 беа поставени на почетокот од вториот дел, откако Пике со гол ја круниса прекрасната акција на Меси и Суарез.

bar-sev1

Барса стигна до 21 победа сезонава, а каталонскиот гигант сега има вкупно 66 бода, 8 повеќе од Атлетико и дури 12 повеќе во однос на Реал Мадрид кои пак во мадридското дерби загубија на Бенрабе од Атлетико со 1-0.

Инсерти од мечот…