Повторно лидер кај стрелците на ЕП со 32 гола – Кире Лазаров!

Loading

Нашиот капитен Кире Лазаров синоќа против Норвешка постигна 11 гола и беше играш на натпреварот.

mkd-nor1

Па така тој се врати на чело на листата со стрелците со 32 гола, колку што има и Михаел Јурецки од Полска, кој во мечот со Белорусија, постигна 9 гола.

Нашето крило Дејан Манасков со 28 гола е петти на листата на голгетерите на турнирот.

Пољакот Михаeл Јурецки со 56 поени, 32 гола и 24 асистенции е водечки по бројот на поени во листата за најкорисен ракометар МВП каде се собираат головите и асистенциите.

Кире Лазаров е на 5-тото место со 43 поени односно 32 гола и 11 асистенции.