ВИДЕО: ЛА Клиперс поуспешни од Детроит, победи на Мајами, Портланд, Сан Антонио

Loading

10 натпревари се одиграа во НБА лигата.

nba1

Највозбудливо беше во Детроит каде ЛА Клиперси по едно продолжение стигнаа до победа од 105-103.

Грифин постигна 34 поени, но Џамал Крофорд ја постигна клучната тројка со која Клиперси славеа во Детроит.

Лилард даде 30 поени за Портланд во победата над Њу Орлеанс со 105:101, а Крис Бош постигна 24 кошеви во триумфот на Мајами над Атланта од 100:88.

Сан Антонио ја декласира Јута со 118:81, а најефикасен кај Спарси беше Ленард со 22 поени. Џордан Хил со 20 поени и 13 скокови ја предводеше Индијана до победата, во дербито, против Торонто од 106:90.

Во другите средби Денвер-Хјустон 114:108, Чикаго-Филаделфија 115:96, Мемфис-Вашингтон 112:95, Далас-Феникс и Бруклин-Орландо 82:105.

За вечерва само 4 средби на НБА програмата.