ВИДЕО: Бламажа на Кливленд во дербито со Голден Стејт!

Loading

Во дербито на вечерта во НБА лигата, шампионот Голден стејт буквално го демолираше и уништи минатогодишниот финалист Кливленд и тоа на гостински терен со победа од +34 поени разлика, 132-98.

warr-cavs

Овој натпревар беше и реприза од финалето во НБА лигата, а од почетокот до самиот крај постоеше само еден тим, додека Леброн Џејмс и дружината може да бидат задоволни што не доживеаја уште поголем срам пред своите навивачи бидејќи во еден момент на семафорот стоеше и 114-71.

Андре Игудала даде 20 поени, а Кари одигра симултанка во првото полувреме и постигна 35 поени, но играше само 28 минути, Дремонд Грин запиша „дабл-дабл“ со 16 поени и 10 скока, додека Клеј Томпсон постигна 15 поени.

Кај Кливленд Џеј-Ар Смит заврши со 14 поени, а најефикасен беше Леброн Џејмс со 16 поени.

warr-cavs1

Во останатите натпревари, Торонто славеше против Бруклин со 112-100, а Далас по едно продолжение беше подобар од Бостон со 118-113.

Продолжение имаше и во Лос Анџелес каде во дербито на западот Клиперси славеа против Хјустон, со нов рекорд на кариерата на ЏејЏеј Редик од 40 поени.