ВИДЕО: Без победник на дербито во Шпанија, Валенсија и Реал одиграа 2-2

Loading

Во Валенсија истоимената домашна екипа и Реал Мадрид одиграа реми со многу голови 2-2.

val-rea

Гостите од Мадрид на двапати го имаа водството, но на крајот мораа да се задоволат само со еден бод.

Тренерот на Валенсија Гери Невил дебитираше на клупатата на клубот од Местаља и тоа со реми против кралевите.

Карим Бензема и Герет Бејл погодија за Реал, додека стрелци за Валенсија беа Дани Парехо од пенал и Пако Алцасер во 83 минута за конечни 2-2.