Во Валенсија истоимената домашна екипа и Реал Мадрид одиграа реми со многу голови 2-2.
Гостите од Мадрид на двапати го имаа водството, но на крајот мораа да се задоволат само со еден бод.
Тренерот на Валенсија Гери Невил дебитираше на клупатата на клубот од Местаља и тоа со реми против кралевите.
Карим Бензема и Герет Бејл погодија за Реал, додека стрелци за Валенсија беа Дани Парехо од пенал и Пако Алцасер во 83 минута за конечни 2-2.