УЕФА го исфрли Галатасарај од континенталните натпреварувања на 1 година поради непочитување на правилата на финансискиот фер-плеј.
УЕФА во јануари соопшти дека првакот на Турција го прекршил правилото за дозволено ниво на финансиска загуба и притоа предупреди за можна суспензија што, сепак, се случи.
Па, така, Галатасарај нема да може да настапи во европските натпревари во сезоната 2016/17, па дури и во случај да обезбеди место во Лигата на шампиони или Лига Европа преку пласман во турската Суперлига.