Италија без Пирло и Де Роси на ЕП 2016 во Франција!

Loading

Антонио Конте одлучи да ја подмлади репрезентацијата на Италија на Европското првенство во Франција 2016, а селекторот одлучи да не ги поведе Андреа Пирло и Даниеле де Роси.

pirlo-derosi

Италијанскиот селектор нема да смета ниту на Марио Балотели, од кого веќе со години се очекува да биде еден од клучните играчи на „аѕурите“во иднина.

Тандемот Пирло-Де Роси кој го освои Мундијалот во 2006 година нема да биде на списокот бидејќи Пирло не игра доволно конкурентен фудбал во САД, а Де Роси има многу проблеми со повредите.

За дисциплината на Балотели нема потреба да се зборува, а дополнителна причина е тоа што не е стандарден ниту во Милан кој во моментов е на 6-тото место во Серија А.

pirlo-derosi1

Конте планира да го гради средниот ред околу Марко Верати од ПСЖ и Клаудио Маркисио од Јувентус, додека во нападот шансата ќе му ја пружи на Лоренцо Инсиње од Наполи и Федерико Бернардески од Фиорентина.

„Аѕурите“ имаа лесна задача во квалификациите и забележаа 7 победи и 3 реми натпревари, а на првенството во Европа ќе играат во групата заедно со Белгија, Шведска и Република Ирска.