Заврши сезоната за Линдзи Вон, причината е…

Loading

Американската скијачка Линдзи Вон предвреме ја заврши сезоната 2015/16 во светскиот куп во алпско скијање.

lindseyvonn

Вон изминатиот викенд во Андора на носилки беше префрлена во болница по тешкиот пад во кој таа доби фрактура на левото колено.

– Дополнителните изпитувања покажаа дека фрактура на левото колено е посериозна и дека евентуално продолжување со настапите може да ја загрози мојата понатамошната кариера. Затоа донесов тешка одлука, можеби најтешка во кариерата бидејќи јас сум лидер во Светскиот куп, истакнува Вон.

31-годишната Американка оваа сезона го освои малиот кристален глобус во спуст, а победи во 76 трки во Светскиот куп и само 10 победи ја делеа од достигнувањето на рекордерот Ингемар Стенмарк кој има 86 триумфи.

Линдзи Вон е исто така и актуелен лидер во генералниот пласман со 28 бодови повеќе од второпласираната Швајцарка Лара Гут, која по одлуката за повлекување на Вон, станува прва претендентка за големиот кристален глобус.