Тинејџ ѕвездата Рашфорд добива 30 пати поголема плата и нов договор со Јунајтед!

Loading

Манчестер јунајтед ќе го награди младиот тинејџер Маркус Рашфорд со нов побогат договор.

18 годишниот напаѓач минатиот месец доби шанса да добитира во дресот на „Црвените Ѓаволи“, и тој на најдобар можен начин ја искористи шансата.

Постигна два гола на дебито против Митјиланд, а потоа даде уште два погодока и на дуелот со Арсенал.

Маркус Рашфорд минатата недела го реши и градското дерби на Манчестер, постигнувајќи го единствениот погодок на гостувањето кај Сити, а за добрите игри, Манчестер јунајтед сега ќе го награди Англичанецот со нов побогат договор.

Играчот во моментов добива само 500 фунти неделно, но во следните недели, Рашфорд ќе стави потпис на нов договор според кој ќе заработува околу 15.000 фунти неделно.