Тешеира наместо во Англија, заврши во Кина за рекорден трансфер

Бразилецот Алекс Тешеира заминува од Европа и кариерата ќе ја продолжи во Кина.

Alex-Teixeiraa

Тој се поврзуваше со трансфер во Ливерпул и Челзи, но за рекордни 50 милиони евра ќе замине во екипата на Џангсу Сунинг.

Трансферот на Бразилецот од Шахтјор преставува рекорд во кинескиот фудбал.

Џангсу Сунинг, пред десет дена, издвои 30 милиони евра за играчот на Челзи, Рамиреш, а сега со трансферот на Алекс Тешеира го урна кинескиот рекорд, кој пред два дена го постави Гвангжу Евергранде со 45-милиони евра вредниот трансфер на Џексон Мартинез од Атлетико Мадрид.

Тешеира, во Шахтјор, пристигна пред 6 години за сума од 6 милиони евра, а клубот го напушта како водечки стрелец во украинската лига со 22 постигнати гола.