НБА: Коби предводник на новата победа на Лејкерс, Детроит подобар од Њујорк

Loading

4 средби се одиграа во нба лигата.

lak-pel

Лејкерси нагости во Њу Орлеанс славеа победа од 99-96. Коби имаше 27 поени и 12 скокови, а уште четворица кошаркари на ’езерџиите’ постигнаа двоцифрен број на поени. Кај Њу Орлеанс Ентони Дејвис одигра одличен меч со 39 поени, 11 скокови.

Пистонси славеа над Њујорк со 111:105. Стенли Џонсон со 22 и Реџи Џексон со 21 поен беа најефикасни кај Детроит, додека Њујорк го предводеше Робин Лопез со 26 поени и 16 скокови.

Хјустон го победи Феникс со 111:105, благодарение на Кори Бруер со неговите 24 поени и Тревор Ариза со 22 поени.

Кајл Лаури и Демар Дерозан искомбинираа 59 поени во триумфот на Репториси во Портланд од 110:103.
Лаури постигна 30, а Дерозан 29 кошеви.

На спротивната страна Демијан Лилард имаше 27 поени и 11 асистенции, а Си Џеј Мекалум постигна 21 поен.

За вечерва во НБА лигата треба да се одиграат 11 натпревари.