Севиља најави финале со Барселона во Кралскиот куп

Loading

Севилја е блиску до финале на Кралскиот куп откако пред своите навивачи славеше убедлива победа против Селта со 4-0 во првиот полуфинален меч и најаваија финале со Барселона.

gameiro

Тимот на Унаи Емери во целост ја надигра Селта, а реваншот на „Балаидос“ во Виго би требало да преставува само формалност.

Севилја до победата ја предводеше Ганеиро, кој во раната фаза од второто полувреме постигна два гола за три минути.

Претходно резултатот во 45.минута го отвори Адил Рами, а конечните 4:0 ги постави Михаел Крон-Дели во 87 минута.

Севилја можеше да победи и со петарда, но Гамеиро при 0:0 не реализираше удар од 11 метри.

По оваа победа на Севилја и уште поубедливиот триумф на Барселона над Валенсија од 7:0, извесно е дека за трофејот во Купот на Кралот ќе се борат овие два тима.

Реванш натпреварите ќе се одиграат на за една недела на 10 и 11 февруари.