Првата скандинавка наскоро ќе заигра во ЖРК Вардар!

Камила Херем ќе биде најновото засилување на ЖРК Вардар и воедно ќе стане првата скандинавка која ќе игра кај нашиот шампион.

herem

Ракометарката на Твис Холстебро и норвешка репрезентативка треба во следните неколку дена да потпише договор со вардарки, откако разговорите меѓу двете страни успешно завршиле.

Херем ќе дојде како замена за Сираба Дембеле и Маја Сокач, кои по крајот на сезонава ќе си заминат од ЖРК Вардар.

Таа во својата репрезентативна кариера има освоено 3 европски, 2 светски и 1 олимписко злато.