Свен Сушиќ од Хајдук е трансфер цел на Милан

Милан е опасно сериозен за услугите на ѕвездтаа на Хајдук, босанецот Тино Свен Сушиќ.

tino-sven-susic

Тој има 23 години, постигна 11 погодоци на повеќе од 90 настапи за Хајдук, а за репрезентацијата на Босна и Херцеговина има одиграно 8 натпревари.

За Сушиќ минатата година се интересираше и градскиот ривал на Милна, Интер.

Сушиќ е проценет на 4 или 5 милиони евра, а има контакт и со Вест Хем и со неколку клубови од Турција, но контактот со Милан е потврден.

Агентот на Сушиќ пристигнал во Милано на преговори со „росонерите“ кои во наредните денови би требало да испратат понуда од 5 милиони евра.

Дали овој играч клучот за успехот на Милан останува да видиме, но станува збор за одличен играч кој е во добра форма.