Рома остана без тренер… Гарсија доби отказ!

Тренерот на Рома, Руди Гарсија доби отказ од раководството на клубот.

rudi garcia

Тој изминатите месеци се наоѓаше под жестоки критики на јавноста и навивачите на римската волчица поради катастрофалните резултати, па така претседателот Џејмс Палота реши да му се заблагодари за соработката.

Гарсија во Рома беше 2,5 години, а тој во првите две сезони го освојуваше второто место во Серија А, но оваа сезона апетитите на навивачите и раководството пораснаа верувајќи дека Рома може да стигне до шампионската титула.

Рома игра под сите очекувања, падна на петтото место со 34 бода, седум помалку од лидерот Наполи, а во Лигата на шампионите со многу среќа се пласираше во осминафиналето каде за противник го има фаворитот во овој дуел Реал Мадрид.

spaleti

Веќе се знае и наследникот на Гарсија на клупата на Рома, а станува збор за Лучано Спалети кој претходно ја водеше Рома од 2005 до 2009 година и во тој период освои 2 титули во Купот на Италија.

Спалети по заминувањето од Рома се пресели во Зенит во Русија, каде освои 2 шампионски титули и еден национален куп на Русија.