Македонија претплатена за драми на ЕП 2016, реми со хитот Норвешка!

Loading

И во петтиот настап на ракометна Македонија на ЕП во Полска не ја забележа првата победа.

mkd-nor

Досегашниот биланс ни е две ремија и три порази, а синоќа во Краков пропуштивме одлична шанса да ја запишеме првата победа и тоа не против било кого туку против големата Норвешка која го искористи падот во играта на нашиот тим во последните 20 минути и се избори за реми од 31:31.

На полувреме имавме предност од 4 года, 17-13 и нашиот напад и одбрана функционираше најдобро досега на ЕП 2016 во Полска каде постигнавме најмногу голови досега.

Сепак, на крајот можеме да бидеме задоволни со оглед на тоа дека Норвежаните, по нашите промашувања во самиот финиш, израмнија на 28-28, а потоа и поведоа за прв пат со 31:30.

Потоа имаа и голема шанса да стигнат до недостижни два гола разлика на помалку од 2 минути до крајот, но ние тоа не го дозволивме и преку Миркуловски на 90 секунди до крајот израмнивме на 31-31.

До крајот Македонија имаше и напад за победа и доволно време да изгради акција, но како и против Полска, одигравме збунето и дезорганизирано.

Кире Лазаров даде 11 голови и беше наш лидер во нападот во кој Манасков додаде 5, а Миркуловски имаше 3 погодоци. Борко Ристовски имаше 10 одбрани.

mkd-nor1

Со ова реми Македонија го освои првиот бод во новата група и остана претпоследна во која единствено полоша од нас е Белорусија која нема ниту еден бод.

Белорусија е нашиот последен ривал на ова ЕП 2016, а натпреварот го играме утре во 16 часот.

На табелата Норвешка е прва со 7 бода, Франција има 6, Полска 6 бода, Хрватска 4, Македонија 1 и Белорусија 0 бода.