Бразилецот Рамиреш си замина од Стемфорд Бриџ и кариерата ќе ја продолжи во Кина во тимот на Џангсу Сунинг за сума од 30 милиони евра.
Рамирез во Челзи пристигна во 2010 година од Бенфика за 20 милиони евра, а во октомври тој потпиша нов, четиригодишен договор со екипата од „Стенфорд Бриџ“.
Сепак оваа сезона не беше стандарден во тимот, одигра само 7 натпревари како стартер, поради што Челзи се реши да го продаде и да заработи на неговиот трансфер.
Џангсу минатата сезона ја заврши на деветтото место во кинеската Суперлига, но оствари историски успех освојувајќи го Купот на оваа земја.
Легендарниот Романец Дан Петреску, е менаџер на Џангсу, кој инаку е поранешен дефанзивец на Чeлзи.