Видео: Милвоки ја спушти рампата, Голден Стејт конечно поразен во 25-тиот меч во сезоната

Loading

Победничката серија од 24 победи на кошаркарите на Голден Стејт Вориорс конечно заврши во Милвоки, каде тимот на Џејсон Кид славеше победа над актуелниот шампион со 108:95.

mil-gs

Милвоки го предводеа Грег Монро со 28 поени, 11 скокови, Џабари Паркер со 19 поени, 8 скокови и О Џеј Мејо со 18 поени, а Јанис Антетокумпо стана најмладиот играч во историјата на Милвоки кој забележал ‘трип дабл’, учинок од 11 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Голден Стејт го предводеше Стеф Кари со 28 поени, 7 скокови, 5 асистенции, а Дрејмонд Грин запиша 24 поени, 11 скокови.

mil-gss

Голден Стејт сепак постави апсолутен рекорд во НБА лигата, го надмина претходното најдобро остварување на Хјустон од 16 победи, а исто така го израмни второто најдобро остварување на последователни победи.

Вориорси се израмнија со Мајами од сезоната 2012/2013 со 28 победи, додека први на оваа листа се ЛА Лејкерс од сезоната 1971/1972 со 33 победи по ред.