Работнички лесен залак за Куманово, во градски парк 76-87

Loading

Куманово во Градски парк стигна до победа против Работнички со 87:76 во првиот натпревар од 16.коло на Првата македонска кошаркарска лига.

mak basket prva liga1

Работнички само во првата четвртина му парираше на гостинот од Куманово и ја доби со 23:21, а кумановци ги добија следните две четвртини со 25:19, односно 22:15 и разликата од 11 поени се покажа недостижна за центарци.

Најефикасен кај Куманово беше Александар Костовски со 23 поени, додека кај Работнички се истакна повратникот во клубот Диме Тасовски со 27 поени.

Вечерва уште играат и Фени Индустри – Кожув и Карпош Соколи – Струмица, додека Бест – МЗТ Скопје Аеродром ќе играат на 4-ти февруари.