РК Вардар драстично ослабен за важниот дуел со Пик Сегед во ЛШ

Loading

Ракометниот клуб Вардар за претстојниот меч против унгарскиот тим Пик Сегед во Лигата на шампионите ќе биде драстично ослабен со неиграњето на средниот бек Игор Карачиќ.

igor-karacic1

Карачиќ не успеа да закрепне целосно од операцијата која ја имаше на почетокот на февруари, па тренерот Раул Гонзалес и овој пат ќе има скратен тим.

Игор веќе е во Скопје и полека се рехабилитира, меѓутоа лекарскиот тим процени дека не е треба да се ризикува, туку подобро е тој целосно да се врати во тренажен ритам и да биде максимално подготвен за следните натпревари.

Карачиќ имаше операција на хематом на тестисите, заработен на последниот натпревар на Европското првенство во Полска, во дресот на хрватската репрезентација.

igor-karacic

Последниот дуел од групната фаза, РК Вардар го игра против Монпеље, на 5 март во Скопје, но останува прашањето дали Карачиќ ќе биде спремен и за тој натпревар.