Герет Бејл заработи повреда на лигашкиот дуел со Спортинг Хихон кој кралевите го добија убедливо со 5-1.
Според последните информации Бејл ќе мора да паузира околу месец дена, а повредата е на листот на ногата.
Токму Бејл го отвори резултатот на овој меч, но потоа се повреди и мораше да биде заменет.
Деталните прегледи покажаа дека ќе паузира околу 20 до 25 дена.
Така тренерот Зидан нема да може да смета на него на натпреварите против Бетис, Еспањол и Гранада.
Велшанецот на 15 натпревари оваа сезона постигна 13 гола, но имаше и 8 асистенции и игра во врвна форма.