Олимпијадата во Рио за Меси е завршена приказна!

Loading

Херардо Мартино потврди дека Лионел Меси нема да биде во екипата на „Гаучосите“ која ќе се бори за олимпиското злато во Рио оваа година.

messi-argentina-wc

Селекторот е свесен дека на Меси му треба одмор, па затоа смета дека најдобриот фудбалер на светот за 2015 треба да одмори.

„Меси нема да игра на Олимписките игри во Рио затоа што знам дека е доста заморен и потребен му е одмор. Пред нас е Копа Америка, Олимпијадата и натпреварите од квалификациите за Светското првенство во Русија 2018, па морам освен него да одморам и други играчи“.

„Барселона и оваа сезона игра одлично и верувам дека повторно Каталонците ќе атакуваат на сите титули, што значи дека ги очекуваат уште многу натпревари.

Сакам да го освоиме златото во Рио, но не по секоја цена“, заврши Мартино.