Лионел Меси и Нејмар ќе му бидат на располагање на тренерот Луис Енрика за финалниот натпревар против Ривер Плата на светското клубско првенство што се одржува во Јапонија.
Лео Меси не играше во полуфиналето со кинески Гвуангжу поради болки предизвикани од камен во бубрегот, но во меѓувреме го исфрлил каменот, но не бил на тренингот поради исцрпеност, но се очекува да игра во финалето.
Нејмар пак има повреда на препоните уште пред доаѓањето во Јапонија, а според последните информации неговата здравствената состојба е подобра и најверојанот ќе биде во составот на Барселона.
Нејмар беше на клупата за резерви во полуфиналето но не влезе во игра бидејќи работата ја заврши Суарез кој постигна хет-трик за победа на Барселона од 3:0.