Видео: Црвена Звезда е последен патник во ТОП 16 фазата во Евролигата

Loading

Црвена Звезда е последната екипа која обезбеди пласман во ТОП 16 во кошаркарската Евролига.

crvena1

Во преполната арена Пионир во Белград црвено-белите стигнаа до победа против Баерн Минхен со 85-76 со што го минаа германскиот тим во поредокот во групата и во директен дуел стигнаа до решавачката победа за пласман во Топ 16 фазата во Евролигата.

Сепак трнлив беше патот на Црвена Звезда до победата која ја остварија со фантастичен финиш, каде последната четвртина ја добија со 29-11, воглавно со удари од далечина за три поени кои успешно ги реализираа.

Стефан Јовиќ постигна две тројки кога Црвена Звезда имаше негатива од 9 поени со што го најави големиот пресврт.

Квинси Милер беше одличен кај Звезда со 21 поени, Цирбес даде 17, а Марко Гудуриќ 16 поени. Кај Баерн Минхен, Душко Савановиќ постигна 19 поени и неможеше да го спречи поразот на својот тим и елиминацијата од понатамошното натпреварување во Евролигата.

navaro

Во вториот интересен дуел во дербито и борбата за првото место во групата Ц, Локомотив Кубан ја совлада Барселона на домашен терен со 78-74, Пинар Каршијака славеше на гости против Зиелона Гора 81-83.

Во последните три средби од последното 10 коло од првиот дел од сезоната, гостите забележаа победи.

Лимож славеше нагости кај Емпорио Милано со 77-69, Анадолу Ефес го победи Олимпијакос во Атина со 81-68 и ЦСКА Москва оствари триумф над Уникаха со 88-76.

Погледнете како Црвена Звезда стигна до пресврт и победа…

Дербито во групата Ц им припадна на Локомотив Кубан за прво место…