НБА: Далас, Индијана и Детроит поблиску до плејоф учество

Loading

Во НБА лигата се одиграа 8 средби. До победи во борба за плајофот стигнаа тимовите на Далас, Детроит и Индијана.

nba1

Далас и Хјустон се директни конкуренти за пласман во разигрувањето, а мечот кој го одиграа веројатно беше клучен кој тим ќе биде меѓу осумте од Западната конференција што ќе играат во плејофот.

Дербито на Тексас го реши Џеј Џеј Бареа и одбраната на Далас, која на Хјустон не му дозволи да поентира од игра во последните 3 минути и 20 секунди. Далас на крајот победи со 88:86.

Бареа заврши со 27 поени, 5 скока и 8 асистенции, а 26 за Хјустон постигна Џејмс Харден. Далас сега е седми на Западот, Јута е на позицијата осум, а Хјустон е деветти со негативен скор.

Индијана славеше над Кливленд, со 123-109. Леброн Џејмс не настапи за Кливленд. Пол Џорџ постигна 29 поени, а Саломон Мајлс уфрли 21 поен за Индијана која е на седмото место на Истокот, осми е Детроит, а деветти Чикаго.

Детроит се доближи до пласман во плеј офот со триумфот во Орландо од 108:104. Андре Драмонд оствари „дабл дабл“ од 13 поени и 16 скокови, а поентерски најрасположен беше Реџи Џексон со 24 кошеви.

Во второто градско дерби до победа повторно стигна ЛА Клиперс со 81:91.

Во другите средби Портланд-Оклахома 120:115, Њујорк-Шарлот 97:111, Бостон-Њу Орлеанс 104:97 и Вашингтон-Бруклин 121:103.

За вечерва на програмата предвидени се 5 средби меѓу кои и дербито на западот помеѓу Голден Стејт и Сан Антонио.