Хавиер Маскерано доби затворска парична казна поради затајување данок.
Фудбалерот на Барселона два пати беше обвинуван, а по судењето му е изречена пресуда – казна затвор во времетраење од 1 година и парична казна во висина од 815.000 евра.
Затворската казна, според зборовите на неговиот адвокат, би можел да ја избегне за сметка на покачување на паричната казна за што сите се залагаат.
Инаку Хавиер Маскерано призна дека затаил данок од 1,5 милиони евра во 2011 и 2012 година.