Пресврт: Валенсија сега му нуди нов договор на тренерот Гери Невил!

Loading

Фудбалскиот клуб Валенсија најверојатно нема да го менува тренерот.

gary-neville-valencia

По слабите игри и катастрофалните порази на Валенсија, на удар на критики беше новиот тренер Гери Невил, но сепак работите многу брзо се свртеа во корист на англичанецот.

Валенсија врза серија од три победи по ред, па раководството на клубот подготвува нов договор за англискиот стратег.

Гери Невил долго време се мачеше да дојде до првата победа во примера, а откако тоа се случи, сега се се промени.

Валенсија го победи Еспањол со 2-1, потоа ја уништи екипата на Рапид Виена со 6-0 во Лига Европа, а минатиот викенд славеше гостинска победа кај Гранада од 2-1.

gary-neville-valencia1

Па така раководството на клубот од Местаља е задоволно од ваквиот развој на настаните и подготвува нов две годишен договор за Гери Невил, кој претходно потпиша до крајот на сезоната.