Македонија во првиот шешир за баражот за СП 2017 во Франција

Loading

Ракометна Македонија го освои 11 место на ЕП во Полска и се избори за фаворитски статус во ждрепката за баражот за Светското првенство во Франција во 2017 година.

manaskov

Можни противници на нашата репрезентација се трите последнопласирани селекции од ова ЕП, Црна Гора, Србија и Словенија, како и шесте победници од претквалификациските групи.

Како четврт претставник е и Босна и Херцеговина, но сигурно најопасни и најмалку посакувани се Австрија и Чешка. Во групата поволни противници би биле Холандија, Летонија, и Португалија.

Ждрепката ќе биде извлечена в недела во 13 часот.

Носители ќе бидат Полска, Данска, Шведска, Русија, Белорусија, МАКЕДОНИЈА, Унгарија и Исланд, а во втората група на неносители се Словенија, Србија, Црна Гора, БиХ, Австрија, Чешка, Португалија, Летонија, Холандија.