Комплетирани резервните состави на Истокот и Западот за Ол Старот во Торонто

Loading

На ОЛ-Старот во Торонто, познати се и резервните состави за натпреварот кој ќе се игра во средината на февруари.

nba-all-stars

Во стартната петорка на Западот се: Стеф Кари од Голден Стејт, тандемот од Оклахома, Расел Вестбрук и Кевин Дурент, Коби Брајант од Лејкерс и Каваи Ленард од Сан Антонио Спарс, а ќе ги предводи тренерот на Сан Антонио, Грег Поповиќ.

Резервите ги сочинуваат: Крис Пол од ЛА Клиперс, Џејмс Харден од Хјустон, Клеј Томпсон од Голден Стејт, Дрејмонд Грин од Голден Стејт, Ентони Дејвис од Њу Орлеанс, Ламаркус Олдриџ од Сан Антонио и Демаркус Казинс од Сакраменто.

2016-NBA-All-Star-Game

Кај Истокот во стартните 5 се: Двејн Вејд од Мајами, Кајл Лоури од Торонто, Леброн Џејмс од Кливленд, Пол Џорџ од Индијана и Кармело Ентони од Њујорк, а ќе ги предводи Тајрон Лу од Кливленд.

Резервите се составени од: Џон Вол од Вашингтон, Ајзиа Томас од Бостон, Демарк Дерозан од Торонто, Џими Батлер од Чикаго, Пол Милсап од Атланта, Крис Бош од Мајами и Андре Драмонд од Детроит.