Рома го донесе Ел Шарави на позајмица од 6 месеци!

Стефан Ел Шарави во продолжение на италијанскиот шампионатот ќе го носи дресот на Рома.

stefan

Тој се враќа во Италија откако играше во Монако и во следните 6 месеци ќе го носи дресот Рома.

Ел Шарави доаѓа на „Олимпико“ како позајмен играч од Милан, а Рома за позајмицата ќе плати 2 милиони евра, со опција дека потоа ќе може да го откупи целиот договор за дополнителни 13 милиони евра.

Стефан Ел Шарави ги мине медицинските прегледи и се очекува да стави потпис на договорот со Рома, а „Фараонот“ сака да се наметне кај селекторот Антонио Конте за настап на ЕП 2016 во Франција.

„Мотивиран сум. Малку ми е чудно, но со гордост ќе го носам дресот на Рома“, изјави Ел Шарави.