Белгискиот голман Симон Мињоле останува во Ливерпул уште 5 години откако го продолжи договорот со клубот од Енфилд и ќе остане до 2021 година.
„Задоволен сум што и во иднина ќе останам на Енфилд. Знам дека со новиот договор доаѓа и нова одговорност. Сакам да ја превземам таа улога, сакам да бидам лидер на овој тим.
Полека созревам и влегувам во години кои се најдобри за голманите“, изјавил Мињоле кој во Ливерпул пристигна во јуни 2013 година од Сандерленд, а во досегашната кариера за ‘црвените’ има одиграно 122 натпревари.