Каспер наскоро тргнува по стапките на својот татко Петер Шмајхел!

Каспер Шмајхел наското би можел да тргне по стапките на својот легендарен татко и да застане на голот на Манчестер јунајтед.

kasper-schmeichel

Ако Јунајтед го продаде Де Хеа на Реал Мадрид оваа зима, данскиот чувар на мрежата би можел да дојде на „Олд Трафорд“ од директниот конкутернт за титулата изненадувањето оваа сезона тимот на Лестер сити.

Помладиот Шмајхел оваа сезона е во одлична форма во тимот кој во моментов го дели првото место на табелата во Премиер лигата со Арсенал.

Каспер ги воодушевил „црвените ѓаволи“ за кој неговиот татко Петер бранеше дури 8 години, а оваа сезона бранеше на 22 натпревари за Лестер во Премиер лигата и прими само 26 голови.

kas-pet

Дали оваа најава наскоро ќе се реализира, останува да видиме, но кој не би сакал да игра за голем клуб како што е Манчестер Јунајтед, а со врските што ги има Петер, неговиот син еден ден ќе застане на голот на црвените ѓаволи.