Тимовите на Барселона и Баерн се последните патници во четвртфиналето во Лигата на фудбалските шампиони.
Барселона го потврди пласманот меѓу најдобрите осум во Европа, со втората победа над Арсенал од 3:1 на Ноу Камп.
Барселона немаше никава неизвеснот околу победникот со головите на триото Нејмар, Суарез, Меси, а почесниот гол за Арсенал го постигна Елнени кога израмни на 1-1.
На вториот дуел во Минхен на Алијанц Арената се случуваше вистинска драма. Баерн во драматичен меч, по продолженијата го уништи Јувентус со 4:2. Баварците во регуларниот дел ја стигнаа негативата од 0:2, со голот на Милер во 91.минута.
Погба, донесе водство за старата дама од 0:1, а Квадрадо, го совлада Нојер за 0-2 на полувремето. Во второто полувреме Баерн заигра доста поофанзивно, а на првата вистинска акција му го донесе првиот гол на мечот, Даглас Коста нафрли во петерецот, каде со глава ја дочека Левандовски, кој намали на 1:2.
Вториот гол Баерн го постигна во 91.минута, по речиси идентична акција како и при постигнувањето на првиот гол и го однесе мечот во продолженија каде доминираше домаќинот.
По првите 15 минути резултатот остана 2-2, но на самиот старт на второто продолжение најпрво Тиаго Алкантара, доби повратна топка од Милер и во 108 минута пласираше крај немоќниот Буфон.
Само две минути подоцна Кома ги реши сите дилеми околу победникот, младиот Французин постигна брилијантен гол за конечни 4:2.
Ждрепката за четвртфиналето ќе биде извршена утре, а во барабанот ќе бидат: Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, ПСЖ, Баерн Минхен, Волфсбург, Бенфика и Манчестер Сити.