НБА лигата ги прогласи најдобрите играчи за изминатата недела, а титулите отидоа во рацете на Двејн Вејд од Мајами Хит на истокот и Кевин Дурант од Оклахома Сити во западната конференција.
Двејн Вејд го предводеше Мајами до скор 4:0 без пораз, а на четири натпревари тој имаше просек од 24 поени, 7 асистенции и 4.8 скокови по натпревар.
На западот таа титула му припадна на Кевин Дурент кој ја предводеше Оклахома Сити до три победи без пораз каде просечно бележеше 34.7 поени, 11.7 украдени топки и 4.3 асистенции по натпревар.