Риверс и Кејси прогласени за најдобри тренери за месец јануари 2016

Loading

Тренерот на Торонто Репторс, Двејн Кејси на истокот и тренерот на Лос Анџелес Клиперс, Док Риверс на западот, НБА лигата ги прогласи за најдобри за месец јануари 2016 година.

rivers-casey

Кејси го предводеше Торонто до скор од 12-2 изминатиот месец, а Рапторси запишаа победа на последните 11 натпревари во месецот. Тие имаа серија и од 10-0, а на 12 од 14 натпревари постигнаа повеќе од 100 поени и покажаа зошто се помеѓу најдобрите на истокот и воедно во НБА лигата.

На западот титулата најдобар тренер за јануари 2016 отиде во рацете на Док Риверс кој со Клиперси имаше скор од 11:3, а неговиот тим забележа победи против Индијана, Мајами, Хјустон, Атланта, Чикаго…

За најдобар тренер за месец јануари беа номинирани и Грег Поповиќ од Сан Антонио, Стив Кер од Голден Стејт, Дејвид Јегер, Вил Донован и Тери Стотс.