Златан Ибрахимовиќ дека нема намера да остане во ПСЖ, бидејќи сака нов предизвик во кариерата.
ПСЖ ја завери шестата титула шампион на Франција, а шведскиот ас на последниот меч даде дури 4 гола каде неговиот тим победи со убедливи 9-0 нагости кај Троја.
,,Со навивачите секогаш имав одличен однос, додека клубот одлично се грижеше за мене. Во моментов немам намера да останам тука и наредната сезона. Имам уште месец и пол тука, забавно ми е, но не знам што ќе биде наредната сезона.
,,Сакаат да ме задржат, но не верувам дека можат да ја заменат Ајфеловата кула со моја статуа изјави Ибра.
Ова е веќе четврта последователна титула за ПСЖ во Лига 1, а дел од сите беше и Ибра. Очигледно Швеѓанецот е презаситен од доминацијата во француската лига, па ќе бара нов предизвик.
Останува уште со ПСЖ да проба да ја освои Лигата на Шампиони, трофеј што му недостига во кариерата.