Големи проблеми за Интер, Икарди сериозно го повреди коленото!

Loading

Капитенот на Интер, Мауро Икарди, поради повреда на коленото ќе отсуствува од фудбалските терени еден месец.

icardi

Интер ја победи Болоња со 2:1 и остана во трката за третото место, кое носи пласман во квалификациите за Лигата на шампионите.

Мечот со Болоња, Икарди го напушти по само 10 минути игра, а по деталните прегледи ќе биде познато и колку е сериозна повредата.

Поради повредата, аргентинскиот напаѓач, ќе го пропушти дербито со Рома кое на програмата е наредната недела.

Икарди, минатата сезона беше најдобар стрелец во Серија А, со 22 постигнати голови, а во тековната сезона во италијанското првенство тој 12 пати ги тресеше противничките мрежи.