Голем резултат за Загреб на Веселин Вујовиќ, шокиран Рајн Некар!

Loading

Ракометарите на Загреб, приредија вистинска сензација во Мајнхајм, Германија каде го елиминираа Рајн Некар на Борко Ристовски и изборија пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

zagreb liga sampion

Лидерот во Бундеслигата и фаворит против Загреб, во осиминафиналниот двомеч, влезе со предност од првиот меч во Загреб со 24-23, но тимот на Вујовиќ со храбра и бескомпромисна игра во реваншот успеа да го шокира фаворитот Рајн Некар на негов терен.

50 минути германците ја имаа предноста на своја страна, помеѓу два и три гола, но играчите на Загреб во ниту еден момент не се предаваа, ниту пак му дозволија на противникот да создаде повисока предност.

Загреб израмни во 50.минута на 25:25, а во 55.минута стигна до првата предност на мечот 26:27, која веќе во следниот напад ја зголемија на 26:28, па домаќинот иако се обиде не успеа да се врати во мечот за огромно изненадување во осминафиналето и победа на Загреб со 31-29.

На голот на Рајн Некар Борко Ристовски имаше 6 одбрани, но ниту тој неможеше да го спречи поразот на својот тим и елиминацијата од Лигата на шампионите.

Па така во четвртфиналето во Лигата на шампионите ќе играат Вардар-Веспрем, Кил-Барселона, Загреб-ПСЖ и Фленсбург-Кјелце.