ФИФА денеска ќе добие нов претседател… Кој се кандидатите?

Loading

ФИФА денеска ќе добие нов претседател на изборите кои ќе се одржат во Цирих.

fifa izbori

Новиот претседател на ФИФА ќе биде одреден кога 207-те делегати од цел свет ќе се состанат за да гласаат за наследникот на Сеп Блатер кој е суспендиран на 6 години.

Делегатите ќе изберат еден од петмината кандидати кои сакаат да покренат нова ера во светскиот фудбал, шеикот Салман бин Ибрахим ал Калифа, Џани Инфантино, принцот Али бин ал –Хусеин, Токио Сексвеил и Џером Шампа.

Гласањето започнува во 13 часот по средноевропско време, но постои веројаност дека пред конечниот избор на претседател ќе има неколку рунди.

79 годишниот Сеп Блатер кој беше на чело на оваа организација од 1998 година се повлече минатата година, по големиот корупциски скандал.