Само победа во мислите на ЖРК Вардар на гостувањето кај Савехоф!

Loading

Ракометарките на ЖРК Вардар вечерва го играат последниот натпревар од втората фаза во лигата на шампионките.

zrk vardar11

Тие гостуваат во Шведска кај екипата на Савехоф, а и на овој дуел вардарки ќе атакуваат на победа со која ќе ги зголемат шансите за освојување на второто место во групата кое носи полесен противник во четвртфиналето.

Но треба да се исполнат два услова за тоа посакувано второ место, треба да се победи најпрво Савехоф во гости, а потоа и тимот на Букурешт да го победи првопласираниот тим на Ѓер.

Натпреварот Савехоф-ЖРК Вардар се игра од 19 часот, а е во рамките од 2-та група се играат уште две средби, Букурешт-Ѓер и Будуќност-Митјиланд кои ќе се сретнат в недела.

На табелата Будуќност и Ѓер се на првото место со 13 вода, ЖРК Вардар има 12, Букурешт 9, Митјиланд 5 и Савехоф само 2 бода.