Едер го замени дресот на Сампдорија со оној на Интер!

Едер Мартинс од Сампдорија во продолжение на сезоната во Серија А ќе игра за Интер откако бразилецот замина од Џенови и потпиша договор со нероазурите.

eder inter

Италијанскиот репрезентативец сепак доаѓа на 6 месечна позајмица во Интер вредна 1,5 милиони евра, со опција неговиот договор да биде откупен летово за додатни 10,5 милиони.

Тренерот Роберто Манчини не е задоволен од ефикасноста на своите напаѓачи Мауро Икарди и Стеван Јоветиќ, па се одлучи да ја зголеми конкуренцијата во офанзивата во името на Едер кој во моментов е втор стрелец во Серија А со 12 постигнати голови.