ЕП 2016 во Полска го собори рекордот по гледаност

Loading

И пред да бидат одиграни полуфиналните натпревари, стана јасно дека Европското првенство во Полска ќе го собори рекордот по гледаност.

ep 2016 poland

„Благодарение на одличната поддршка на полските навивачи, но и сите тие кои што од цела Европа дојдоа да ги бодрат своите репрезентации, ова првенство постави рекорд по гледаност,,.
,,Досегашниот рекорд го држеше Данска со 316 илјади гледачи, а пред завршницата на ова првенство во Полска веќе имаме бројка од 342,115 гледачи“, беше прецизен претседателот на европската ракометна куќа, Жан Бирхолт.

Рекорди поставуваа и телевизиските преноси. Така во Германија, натпреварот против Данска го гледале 5,6 милиони луѓе, односно станува збор за удел 21,1% кај германските телевизии тој ден (втор најгледан настан тој ден во Германија).

Во Данска натпреварот против Германија имал удел од огромни 71,8%