Џанлуиџи Буфон најави пензија по мундијалот во Русија

Буфон потврди дека планира да се пензионира по завршување на Светското првенство во 2018 година, кое ќе се одржи во Русија кога голманот на старата дама ќе има 40 години.

gianluigi-buffon

„Кога би можел да издржам до Светското првенство во 2018 година, тогаш секако би настапил и таму, а по Мундијалот ќе ја затворам вратата и ќе престанам да играм фудбал“, изјави Буфон.

Буфон, ја прими наградата за Спортист на годината во Италија, а зборуваше и за актуелната форма на Јувентус.

„Ова е многу добар период на Јувентус, не може да стигнете до 12 победи по ред, ако не сте во врвна ментална и физичка форма.

Сепак, мора да бидеме внимателни, бидејќи сите рекорди и победнички серии мораат да завршат порано или подоцна“, вели легендарниот чувар на мрежата.

Јувентус моментално е на второто место на табелата во Италија со 2 бода заостанување зад лидерот Наполи.