Лејкерс со почит кон Шек, добива статуа пред Стејплс Центарот во ЛА

Loading

Легендарниот центар на Лос Анџелес Лејкерс, Шекил О’Нил ќе добие своја статуа пред салата на тимот “Стејплс Центар”, соопшти Џени Бас, претседател и ко-сопственик на кошаркарскиот тим.

shaq

Статуата ќе биде официјално отворена на крајот на оваа или почетокот на следната година, но за конкретен датум е сеуште рано да се каже.

Чест да имаат сопствена статуа имаат само тројца други играчи на Лејкерс – Карим Абдул-Џабар, Меџик Џонсон и Џери Вест.

statue shaq

Шекил О’Нил го носеше дресот на “Лејкерси”  8 сезони, а за тоа време освои 3 титули во 2000, 2001 и 2002 година, 7 пати беше избран во  ол стар тимот, 8 пати во идеалниот тим на Лигата, еднаш беше МВП и 3 пати е избран за ” Најкорисен играч во финалната серија “.