Ракометните репрезентации на Македонија и Франција заработија казни на Европското ракометното првенство во Полска.
Причината е помалку и бизарна, а истата е изречена поради неадекватната опрема која ја носеа ракометарите на одиграниот меч кој заврши со победа на Франција од 30-23.
Дисциплинската комисија на ЕХФ ја казни Франција со 1.500 евра, бидејќи играчите го немале логото на Европскиот шампионат на ракавот на својот дрес и со 1.000 евра бидејќки немале истообразна опрема т.е имале различни чорапи за време на натпреварот.
Исто така чорапите се причината поради која и македонската делегација е казната со 500 евра.
Помалку смешни казни од ЕХФ зар не!