Видео: МЗТ Скопје не издржа, пораз од Цибона во Загреб со 68-62!

Loading

МЗТ Скопје Аеродром доживеа нов пораз во јадранската АБА лига, откако на гостувањето кај Цибона во Загреб загуби со 68-62 во рамките на 20-то коло.

cib-mzt

Ова беше важен меч за двете екипи од кој зависеше дали ќе се одлепат од тимовите кои се во долниот дел од табелата, а металците иако имаа позитива и од 10 разлика во првото полувреме им дозволија на домашните кошаркари во второто полувреме да направат целосен пресврт.

Во третата четвртина Цибона го надомести заостанувањето, а во четвртата, МЗТ Скопје одиграа најслабо со само две поентирања од игра, од вкупното 11-те поени, па така Цибона го доби вториот дел од мечот со 14 разлика 37-23.

Kај Цибона, Флоренс даде 18 кошеви и беше најдобриот стрелец на мечот, а Анте Жижиќ постигна со 11 кошеви и 11 скокови, додека кај МЗТ Скопје Стојановски и Дреновац дадоа по 14 поени.

Сега МЗТ Скопје е во негатива во меѓусебните дуели со Цибона, бидејќи со половина кош ја доби драмата кон крајот на октомври во Скопје, а доколку тоа одлучува за распоредот на крајот од регуларниот дел од лигата, бидејќи и покрај тоа што двете екипи се на 5-то односно 6-то место, сите клубови до крајот на табелата се борат за избегнување на последните позиции.