Драма во Милано… Интер се врати, но загуби на пенали од Јувентус во купот!

Loading

Италијанскиот куп го доби и вториот финалист.

int-juv1

Во драматачна завршница на Сан Сиро, фудбалерите на старата дама дури по изведувањето на пеналите обезбедија ново второ по ред финале во купот откако со 5-3 во пенал рулетот го победија Интер.

Јувентус имаше предност по првиот меч од 3:0, но во реваншот Интер се погрижи истата да ја анулира во регуларните 90 минути.

Интер го одигра најдобриот меч во сезоната, успеа против најдобриот италијански тим да слави со 3:0, но во пенал серијата победникот го реши промашувањето на Родриго Паласио.

Головите за Интер ги постигнаа хрватските репрезентативци, Марсело Брозовиќ во 16. и 82.минута и Иван Перишиќ во 49.минута, но недоволно да гледаме миланско финалето во националниот куп на Италија.

int-juv

Па така старата дама му се приклучи на Милан во битка на најголемите италијански ривали за нов трофеј во витрините.

Милан чека нов пехар од ова натпреварување од 2003, додека Јувентус минатата година по цели 20 години повторно го освои купот што значи дека ќе ја брани титулата.

Juventus FC v AS Roma - Serie A

Финалето на италијанскиот Куп ќе се одигра на 21 мај на Олимпискиот стадион во Рим.