НБА: Клиперс со пресврт ја победи Оклахома, Спарси со 29-та победа по ред дома!

Loading

11 натпревари се одиграа во НБА лигата.

nba1

Во дербито на западот ЛА Клиперс и Оклахома одиграа одличен натпревар со пресврти каде до победата стигнаа Клиперси со 103-98.

Оклахома, предводена од Дурент со 30 поени, 11 скокови, 5 асистенции, 5 блокади и Расел Вестбрук 24 поени, 12 асистенции, 6 скока, во Лос Анџелес во еден момент имаше предност против Клиперси од 22 поени, а во последните 8 минути и плус од 16 поени, но Клиперси со неверојанта серија од 26:5, на крајот славеа.

Најдобри кај Клиперси беа Крис Пол со 21 поен, 13 асистенции и Деандре Џордан со 20 поени, 18 скокови.

Сан Антонио против Детроит стигна до 29-та последовна победа на домашен терен. Спарси го совладаа Детроит со 97:81, а половина од поените ги постигнаа двајца играчи: Кавај Ленард 27 поени, 6 скока, 5 асистенции и Ламаркус Олдриџ 23 поени, 10 скока.

Хјустон славеше против Њу Орлеанс со 100:95, а блескаше Џејмс Харден со 39 поени, 12 асистенции, 7 скока, 4 украдени топки.

Кемба Вокер постигна 30 поени во триумфот на Шарлот во Филаделфија од 119:99, а Мемфис благодарение на Конли со 24 и Зек Рендолф со 19 поени славеше над Сакраменто со 104:98.

Во другите средби Индијана-Милвоки 104:99, Вашингтон-Минесота 104:98, Орландо-Чикаго 102:89. Бостон-Портланд 116:93 и Торонто-Јута 104:94.

За вечерва предвидени се 4 средби.